Во Берлин пронајдени пет безживотни тела, меѓу кои три деца – имале прострелни и убодни рани

пред 3 години

Полицијата пронашла пет мртви тела во станбена зграда во Сенциг, јужно од Берлин. Меѓу нив се три деца.

Оваа вест за германски „Билд“ ја потврди и портпаролот на полицијата.

„ Непосредно претпладне пронајдовме пет безживотни тела. Пред тоа ни се јави граѓанин кој беше загрижен бидејќи извесно време не ги видел соседите. Одредот за убиство веднаш излезе на терен, бидејќи засега не е исклучена опцијата за кривично дело“, изјави портпаролот на полицијата.

Се огласи и високиот јавен обвинител Гернот Бантлеон.

Тој рече дека одделот за убиство и форензика се на местото на злосторството. Се истражуваат тешки кривични дела. Петмина возрасни и три деца се мртви. На телата се забележани пет прострелни рани и убодни рани.

Share
Scroll to Top