Во Бразил, се повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19

пред 3 години

Во јужниот дел на Бразил е забележано ненадејно зголемување на стапката на смртност од коронавирус кај млади и средовечни луѓе откако таму беше идентификуван новиот сој на вирусот, познат како Р.1, велат научниците.

Експертите ги анализирале податоците од најголемата јужна држава Бразил, Парана, која има 553.518 случаи на заразени со коронавирусот од септември до март. Во сите возрасни групи, процентот на пациенти кои починале бил или постојан или намален.

Но, од почетокот на февруари, бројот на жртвите се зголемува во скоро сите возрасни групи постари од 20 години, се вели во најновата студија.

Од јануари до февруари, стапката на смртност е тројно зголемена кај групата на возраст од 20 до 29 години, и двојно е зголемена кај возрасните групи од 30, 39, 40 на 49 и 50 на 59 години.

„Лица на возраст од 20 до 29 години, на кои им беше дијагностициран коронавирус во февруари 2021 година, исто така, имаа повеќе од три пати поголем ризик од смрт во споредба со оние со дијагностицирана болест во јануари 2021 година“, велат истражувачите.

„Гледајќи го сето тоа заедно, овие прелиминарни податоци сугерираат на значително зголемување на смртноста кај млади и средовечни луѓе по откривањето на новиот вид на вирусот „САРС-КоВ-2“ во Бразил, и ова треба да го привлече вниманието на јавното здравство“, велат експертите.

Share
Scroll to Top