Покрената внатрешна истрага против Џонсон за забавите за време на рестриктивните мерки

пред 2 години

Британскиот премиер Борис Џонсон добил известување за внатрешна истрага поради наводните забави во канцеларијата на Даунинг стрит за време на рестриктивните мерки, соопшти кабинетот на премиерот на Обединетото Кралство.

Џонсон досега ги избегнуваше претходните повици на некои пратеници да поднесе оставка, а нетрпеливите ги замоли да го чекаат извештајот на високата државна службеничка Сју Греј.

„Можеме да потврдиме дека Сју Греј му дала на премиерот информации за нејзината истрага“, се вели во соопштението, пренесуваат медиумите.

Лондонската полиција на крајот на неделата соопшти дека е покрената истрага за одредени настани со цел да се процени дали имало прекршување на законот.

Владата треба да ги објави информациите кои Греј ги доставила, но одлуката за времето на објавување ќе ја донесе кабинетот на британскиот премиер, кој ветил дека потоа ќе се обрати во Парламентот на Велика Британија.

Share
Scroll to Top