Еден загинат и седум повредени во експлозија на бомба во Пакистан

пред 3 години

Најмалку едно лице загина, а седум се повредени кога експлодираше бомба крај патот на автобуска постојка во пакистанскиот град Равалпинди, соопшти полицијата.

Седиштето на пакистанската војска и канцеларијата на шпионските агенции во земјата се наоѓаат во Равалпинди, оддалечен околу 15 километри од главниот град Исламабад, истакнува АП.

Полицијата првично соопшти дека бомбата била поставена под моторна рикша, но во соопштението на полицијата од Равалпинди се наведува дека експлодирала направа поставена покрај патот.

Никој досега не презеде одговорност за експлозијата.

Снимките на пакистанската телевизија и оние објавени на социјалните мрежи покажуваат изгорен моторна рикша, опкружена со полициски служби и брза помош.

 

Share
Scroll to Top