Во Германија рестриктивни мерки против коронавирусот до 14 март

пред 3 години

Германската влада планира да ги продолжи рестриктивните мерки поради епидемијата на коронавирусот до 14 март.

Според планот на владата, фризерските салони ќе се отворат на 1 март.

Поради ширењето на нови варијанти на коронавирусот, потребно е ограничувањата да останат на сила во наредните недели, се наведува во документот што ќе им биде доставен на официјалните лица на регионалните власти попладнево.

Училиштата, продавниците, рестораните, културните институции и спортските сали се затворени во Германија од средината на декември, а на некои места и од почетокот на ноември.

Мерките требаше да бидат на сила до 14 февруари, но според новиот план на владата, тие ќе бидат продолжени за еден месец.

Share
Scroll to Top