Во Германија уапсен британски шпион кој работел за Русија

пред 3 години

Полицијата во Потсдам уапси британски државјанин и вработен во британската амбасада во Берлин под основано сомнение дека шпионирал за Русија, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во Карлсруе.

„Обвинетиот Дејвид С. е осомничен дека работел за странска тајна служба најдоцна од ноември минатата година“, стои во образложението на главниот државен обвинител.

Понатаму се наведува дека Дејвид С. работел за британската амбасада во Берлин.

„Во најмалку во еден случај тој му предал досиеја кои спаѓаат во неговата јурисдикција на вработен во руската тајна служба и за тоа добил засега непозната сума на пари“, се вели во соопштението.

Апсењето и претресот во станот на обвинетиот е резултат на заедничка истрага на германските и британските служби.

Дејвид С. треба да биде изведен пред истражниот судија на Високиот суд во Карлсруе во текот на денот, кој треба да одреди притвор.

Share
Scroll to Top