Луѓето кои ја примиле последната од двете дози на вакцина против коронавирус пред седум месеци или подолго и оние кои ja примиле единечната доза на Џонсон и Џонсон пред повеќе од три месеци, веќе не се сметаат за целосно вакцинирани во Грција.
Почнувајќи од денеска, нивните сертификати за вакцинација ќе се сметаат за истечени откако грчките здравствени власти ќе постават построги ограничувања во однос на примарната серија на вакцинација, и тие ќе мора да добијат засилувачка доза за да се сметаат за целосно покриени уште еднаш, пишува грчкиот весник „Катимерини“
Не е јасно дали сертификатите на ЕУ – кои важат девет месеци по завршувањето на вакцинацијата – ќе се сметаат за валидни за влез во музеите, продавниците, рестораните и други затворени места во Грција, ако поминат повеќе од седум месеци од последната доза.
Грција во неделата пријави 10.985 нови случаи на коронавирус и уште 95 смртни случаи. Според истите податоци, 551 пациент биле приклучени на апарати за дишење.