Во Данска потврдени 33 случаи од новиот вид на коронавирус

пред 3 години

Данска потврди 33 случаи на новиот вид на коронавирус, кој рапидно се шири во делови на Велика Британија, соопштија властите во земјата.

Државниот институт за инфективни болести соопшти дека анализира генетски материјал од 7.805 позитивни тестови на Ковид-19 спроведени од 14 ноември до 14 декември.

Новиот вид на вирусот е пронајден кај 0,4 проценти од позитивните.

Институтот забележува дека овој процент може да се промени, со оглед на тоа што досега се анализирани само 13,5 проценти од сите позитивни тестови од тој период.

Данска, како и многу други земји, го прекина воздушниот сообраќај со Велика Британија, каде што новиот вид на вирусот брзо се шири на југот на Англија, вклучувајќи го и Лондон.

„Според прелиминарните информации, 33 заразени лица во Данска немале контакт со Англија и не патувале во кои било други земји“, соопшти институтот.

Share
Scroll to Top