Жителите на Мариупол: Опколени сме од руски сили и под силен напад

пред 2 години

Жителите на Мариупол утрово изјавија дека пристанишниот град на Азовското Море е опколен од руски сили и под силен напад, пишува Гардијан.

Сепак, тие не можеа да потврдат дека руските маринци слетале на брегот и го окупирале пристаништето, домот на малата украинска флота и командниот брод Донбас.

– Слушаме авиони на небото. Облачно е и не можеме да кажеме дали ги има нашите или Русите – изјави утрово за Гардијан Анатолиј Лозар.

Лозар рече дека помогнал да се евакуираат цивилите по уште една ноќ на силно бомбардирање. Тој рече дека руските воени авиони го бомбардирале селото Широкине, 20 километри западно од Мариупол, и ранети се украински војници.

Share
Scroll to Top