Голема вежба на НАТО, најголема во историјата на Балтикот, ќе се одржи денеска, јавува Би-Би-Си. Вежбите се изведуваат под кодното име „Еж“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Вежбите ќе се одржат во Естонија во текот на следните две недели каде ќе учествуваат 15.000 војници од десет земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Финска и Шведска.
И покрај тоа што беа планирани долго пред Русија да ја започне својата инвазија на Украина, вежбите се одржуваат во време на значително зголемени тензии меѓу НАТО и Москва, пишуваат светските агенции.
Според нивните извештаи, а во контекст на руската инвазија, вежбите се многу симболични за балтичките држави бидејќи нивната намера е да ја тестираат нивната способност за да одговорат на евентуален руски напад.
НАТО планира уште три воени вежби – „Defender Europe“ и „Swift Response“, во кои ќе учествуваат 18.000 војници од 20 земји, а ќе се одржат во Полска и во осум други земји. Во вежбата, под кодно име „Железниот волк“ во Литванија, ќе учествуваат 3.000 сојузнички војници и 100 возила, наведуваат медиумите во регионот.
„Вежбите како овие покажуваат дека НАТО е силен и подготвен да ги заштити нашите нации и да се брани од каква било закана. Тоа се редовни вежби, планирани долго пред руската брутална и неоправдана инвазија на Украина, но помагаат да се отстрани секоја можност за погрешно проценување или недоразбирање и нашата решеност да ја заштитиме и одбраниме секоја педа од сојузничката територија. Вежбите на НАТО се одбранбени, транспарентни и во согласност со нашите меѓународни обврски“, изјави портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску.