Во Кина вакцинирани 75 отсто од населението

пред 3 години

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг.

„Околу 1.068 милијарди луѓе сега се вакцинирани со потребните дози, од вкупното население од 1.412 милијарди“, рече Ми на брифингот со новинари, пренесуваат светските медиуми.

Во земјата се дадени 2,245 милијарди дози вакцина против Ковид-19 до 23 октомври.

Кина во голема мера го ограничи ширењето на инфекцијата во повеќето области, а спорадичните локални епидемии се мали во споредба со оние во другите земји.

Сепак, Ми предупреди дека постои зголемен ризик од повторно разгорување на епидемијата.

Share
Scroll to Top