Во Кина околу 6.000 заболени од бруцелоза

пред 4 години

Повеќе од 6.000 луѓе во Кина заболеле од бруцелоза, бактериска инфекција која има симптоми слични на грип.

Болеста избувна во северозападна Кина и обично се јавува преку контакт со животни, а најчесто се пренесува од овци, кози, мачки, свињи, а во некои земји и од кучиња, пренесува „Ројтерс“.

Ширењето на болеста започна во кинеската провинција Гансу, а многу заболени завршиле во болница.

Луѓето обично ја добиваат оваа бактерија во контакт со животни или производи од животинско потекло, како што се непастеризирано млеко или сирење или со вдишување на аеросоли.

Бактеријата многу ретко се пренесува од човек на човек.

Share
Scroll to Top