Во Кина осум новозаразени со Ковид-19, без смртни случаи

пред 3 години

Кина во неделата забележа осум нови случаи на коронавирус, што е за 13 помалку од претходниот ден, соопшти Министерството за здравство.

Државната здравствена комисија додаде дека сите новозаболени пациенти доаѓаат од странство, објави „Ројтерс“.

Бројот на асимптоматски случаи, кои Кина не ги вклучува во вкупниот број на пациенти, се зголеми од шест во неделата на 14 денес.

Според официјалните податоци на кинеските власти, бројот на заразени лица од почетокот на пандемијата на коронавирус е 86.346, а бројот на починати е 4.634.

 

Share
Scroll to Top