Во Кина продавале солена вода како вакцина и заработиле околу 2,8 милиони евра, дел од шишињата завршиле во странство

пред 4 години

Кинеските власти го уапсија водачот на групата која продаваше солена и минерална вода како вакцина против коронавирус, пренесува „Би-би-си“.

Човекот, идентификуван како Конг, прво детално истражувал како изгледа вистинското пакување на вакцината, а потоа направил повеќе од 58.000 лажни шишиња. Серија од овие лажни вакцини се шверцувани и во странство, но не е познато каде завршиле.

Конг е едно од 70-те лица уапсени во Кина за слични престапи. Апсењето се случило откога властите во Пекинг соопштиле дека ќе застанат на патот за продажба на лажни вакцини.

Конг и неговиот тим се товарат дека со измама заработиле околу 18 милиони јуани (околу 2,8 милиони евра). Се верува дека тие продавале фалсификувани вакцини од август минатата година. Пакет од околу 600 дози вакцина бил испратен во Хонгконг во ноември минатата година, а потоа бил прошверцуван во странство.

Во други случаи, вакцините се продавани по „надуени цени“ во болниците. Некои криминалци сами организирале вакцинирање, организирајќи селски лекари да одат од куќа до куќа и да вакцинираат луѓе.

Share
Scroll to Top