Во Кина 15 нови случаи на Ковид-19, сите увезени од странство

пред 4 години

Во Кина денес се потврдени 15 нови случаи на коронавирус, додека претходниот ден имало 21, соопштија здравствените власти.

Сите нови случаи се увезени, односно потврдени кај лица кои пристигнале од странство, пренесува „Ројтерс“.

Потврдени се 39 нови асимптоматски случаи, додека претходниот ден имало 15, а сите биле увезени.

Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Кина сега е 85.536, а бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 4.634.

Share
Scroll to Top