Во Лаос запленети над 36 милиони таблети метамфетамин

пред 2 години

Полицијата во Лаос запленила поголема количина метамфетамин, во уште една голема заплена за три месеци.

Експертот на ОН за нелегална трговија со дрога смета дека тоа е знак за слабеење на безбедноста во Југоисточна Азија.

Џереми Даглас, регионален претставник на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNDOC), денеска изјави дека заплената на 36,5 милиони таблети метамфетамин во северозападната провинција Бокео е втора најголема заплена откако во октомври минатата година беа земени 55,6 милиони таблети метамфетамин во истата провинција во Лаос.

Тој предупреди дека во регионот на реката Меконг, каде што е запленета дрога, се забележува зголемување на производството и трговијата со дрога, што бара силни напори да се стави под контрола.

„ Организираниот криминал го третира регионот Меконг како негово игралиште, тој ги има сите елементи што тие ги бараат“, рече тој.

Државното радио „Лао секјурити“ на својата веб-страница објави дека четворица жители на покраината биле уапсени во средата во областа Хуа Ксаи и дека во рацијата биле запленети и 590 килограми кристална мета, мала количина хероин и еден пиштол.

Бокео се граничи со Мјанмар и Тајланд, гранична област позната како Златен триаголник и позната по производството на нелегални дроги.

Покрај хероинот и опиумот, кои се доставуваа од таму во последните децении, се доставува и метамфетамин, главно произведен во Мјанмар, особено во државата Шан.

Share
Scroll to Top