Во Мексико на државните службеници повеќе не им е дозволено да се бакнуваат и гушкаат

пред 3 години

Мексиканските државни службеници треба да избегнуваат бакнување, гушкање и комплименти за нивниот физички изглед како дел од новиот етички кодекс насочен кон борба против сексуалното вознемирување.

Новата регулатива, објавена во Службен весник, ги повикува службениците да избегнуваат однесување со физички контакт, сугестивна или сексуална по природа, како што се допирање, гушкање и бакнување.

Во текстот, исто така се повикува да се избегнуваат коментари, задевања, комплименти или шеги со сексуална конотација кон друга личност кога станува збор за нивниот физички изглед.

Една недела пред Денот на вљубените, кој се слави на 15 февруари, се бара подароци што укажуваат на сексуален интерес да не се даваат на друго лице.

Прекршителите на новиот етички кодекс ќе бидат казнети во согласност со мексиканските закони за одговорност на јавните служби.

Новите прописи доаѓаат во време кога феминистичките движења низ Латинска Америка се мобилизираат против сексуалното вознемирување и насилството врз жените.

Share
Scroll to Top