Туристички брод со 26 луѓе исчезна денеска во невреме, во северниот дел на Јапонија, откако испратил повик за помош и пријавил дека тоне, соопшти крајбрежната стража.
По повеќе од седум часа интензивна потрага во која учествуваа шест патролни чамци и четири авиони, не беа пронајдени преживеани, пренесе АП.
19-тонскиот Казу 1 упати итен повик во раните попладневни часови, во кој наведе дека лакот на бродот бил поплавен, потонал и се навалил на западниот брег на полуостровот Ширетоко на северниот остров Хокаидо, соопшти крајбрежната стража.
После тоа е изгубен контактот со бродот, изјавила крајбрежната стража.
Во него имало 24 патници и двајца членови на екипажот.