Во последните 49 часа во Хрватска се почувствувани 40 земјотреси

пред 4 години

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) изутринава објави дека земјотресот со јачина од 4,7 степени по Рихтер, кој ги разбуди жителите на централна Хрватска во 6:15 часот утрово, е 38-от земјотрес почувствуван во Хрватска во последните 49 часа.

11 минути по него, истата област ја погоди друг земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а три минути подоцна еден од 3,9 степени според Рихтеровата скала, што значи дека последниот е 40-тиот земјотрес почувствуван во последните 49 часа, објавија хрватските медиуми.

Share
Scroll to Top