Европска комисија: Ги држиме сите опции отворени во справување со пандемијата од Ковид-19

пред 3 години

Европската комисија ќе ги држи отворени сите опции со цел да се подготви за следните фази на пандемијата од Ковид-19 по 2022 година, изјави портпаролот на Комисијата, Стефан де Керсмакер.

Ова е одоговорот на Брисел во врска со наводите во медиумите дека Европската комисија одлучи да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „Астра зенака“ и „Џонсон и Џонсон“ за следната година.

Во исто време, додаваат дека нема да коментираат конкретни прашања во врска со договорите.

Од почетокот на спроведувањето на стратегијата за вакцинација, ЕУ има проблеми со испораките на договорените вакцини на компанијата „Астра зенека“.

Проблемите на Брисел со вакцината на компанијата продолжија и по отворањето на истрагата за формирање на тромби, како можен несакан ефект на вакцината на Астра зенека, анализираат медиумите.

Од друга страна, испораката на вакцини од компанијата „Џонсон и Џонсон“ во ЕУ беше запрена од првиот ден од страна на производителите поради индикации за формирање на тромби како можен несакан ефект на вакцината.

Претходно, Комисијата процени дека 55 милиони дози на вакцините „Џонсон и Џонсон“, кои требаше да бидат доставени до ЕУ во вториот квартал од 2021 година, ќе ја забрзаат вакцинацијата во земјите-членки, забавувајќи го, меѓу другото, проблемот со вакцината на „Астра зенека“.

Покрај вакцините на компаниите „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“, во официјалната европска стратегија за вакцинирање се користат и вакцините на компаниите „Фајзер“ и „Модерена“.

ЕК проценува дека во периодот од 2022 година ќе и бидат потребни дополнителни две милијарди дози вакцини со цел да се соочат со следните фази на пандемијата од коронавирус

Share
Scroll to Top