Нов скандал во Министерството за здравство на Германија, набавувале неупотребливи маски а сега ќе ги горат

пред 3 години

Според „Шпигел“, Министерството за здравство, минатата година набавило неупотребливи маски од Кина, кои ќе мора да бидат уништени. До денес, тие тоа го криеја од јавноста, пишуваат германските медиуми.

На почетокот на пролетта минатата година, кога пандемијата ја погоди Европа со полна сила, во Германија беше воведена обврската за носење на маска. Но тогаш поголем дел од населението не можеше да набави маски во продавниците и аптеките, анализираат медиумите.

Додаваат дека во таа паника, Министерството за здравство набавило стотици милиони маски од Кина, што, како што сега открива списанието „Шпигел“, се покажало како неупотребливо. „Во Германија, тие добија дозволи брзо, без валидно тестирање, но претежно престојуваа во магацини“, стои во извештаите.

Според неделникот, министерството дури се обидело да ги дистрибуира маските на примателите на социјална помош, лицата со попреченост и бездомниците, наместо за редовна употреба.

Сега, пренесуваат медиумите, се подготвува компромис: неупотребливите маски треба да бидат прогласени за национална резерва, да чекаат да истече датумот за четири години, а потоа истите да бидат изгорени. „Милјарда евра ќе завршат во ѓубре“, пишува „Шпигел“.

Пратеничката на социјалдемократите, Анџелика Глекнер, реагира на пишувањата на „Шпигел“, особено на обидите на Министерството за здравство да дистрибуира неупотребливи и опасни маски на социјално загрозени групи граѓани: „Лицата со попреченост не се заморчиња на кои им се префрлаат остатоците од лошите одлуки“, вели таа.

„Демохристијаните мора да размислат какви ќе бидат последиците во Министерството за здравство и за Шпан. Не може сè да продолжи како порано“, додаде Клекнер.

Марија Клајн-Шмајнк, пратеничката од Зелените, не гледа можност за простување во целата ситуација. „Она што го направи Шпан не само што е цинично, туку е и некомпатибилно со должноста на министерот за здравство“, рече таа.

Share
Scroll to Top