Во Романија пристигна првиот американски воен конвој

пред 3 години

Првиот конвој со воена опрема на американски одред влезе во Романија преку западниот граничен премин Надлак.

Конвојот составен од оклопни транспортери и воена опрема се движел по посебна гранична лента на унгарско-романската граница.

Командантот на 191-от пешадиски баталјон Арад, потполковник Јоан Сорин Семенијук, кој ги поздрави американските камиони, рече дека тие доаѓаат од Германија и одат во воената база Михаил Когалникау во областа Констанца, југоисточна Романија.

Се работи за првиот конвој од серијата од три. Секој од трите конвои се состои од 16 камиони. Пентагон минатата недела објави дека 1.000 американски војници ќе бидат префрлени од Германија во Романија.

„ Како дел од нашите пошироки напори да ја покажеме нашата посветеност кон сојузниците на НАТО и да ја одвратиме руската агресија, САД преместуваат во Романија баталјон од околу 1.000 американски војници веќе ангажирани во европските операции“, се вели во соопштението на американското Министерство за одбрана.

САД во моментов имаат околу 900 војници во Романија, која е членка на НАТО од 2004 година и е домаќин на систем за одбрана од балистички проектили. Франција, исто така, објави дека планира да испрати војници во Романија.

Share
Scroll to Top