Во Романија 3.400 новозаразени и 65 починати од Ковид-19

пред 4 години

Во Романија биле тестирани 29.400 лица во последните 24 часа, од нив 3.400 биле позитивни на коронавирус, соопштија здравствените власти.

Во еден ден починале 65 лица, или вкупно 5.996, јавува агенцијата Адјерпрес.

Од почетокот на пандемијата во Романија, 186.254 луѓе биле позитивни на вирусот.

Најголем број на заразени лица сè уште има во округот Букурешт и округот Алба.

Share
Scroll to Top