Угостителските објекти и хотелите во Австрија ќе бидат затворени до Велигден

пред 3 години

Угостителски објекти, хотелите и културните институции во Австрија ќе останат затворени до Велигден, откако владата одлучи да ги продолжи мерките воведени поради пандемијата со Ковид-19. Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека на 1 март повторно ќе се анализира ситуацијата со експерти, лидерите на провинциите и парламентарните партии.

Според него, епидемиолошката состојба е сè уште стабилна и по олабавувањето на дел од мерките со кои беа отворени продавниците. Со оглед на тоа дека британската мутација на коронавирусот се шири во источниот дел на земјата, а јужноафриканската во Тирол, потребна е внимателност и да се избегнуваат приватни контакти.

Share
Scroll to Top