Во Русија откриени 1.500 мутации на Ковид-19

пред 3 години

Речиси 1.500 мутации на коронавирусот се откриени во Русија, изјави Ана Попова, директорка на руската Федерална служба за фитосанитарен надзор и контрола (Роспотребнадзор) на маргините на научната конференција на Форумот Гаидар.

„Тоа е важен аспект на оваа пандемија и ние континуирано работиме на тоа. Досега пронајдовме речиси 1.500 мутации“, потенцира Попова, пренесува ТАСС.

Според неа, во рускиот институт „Микроб“ во тек е анализата на информациите за мутациите во коронавирусот ширум светот.

„Мутациите за кои често се зборува во некои земји, претежно европски, станаа очигледни уште во септември. Покрај тоа, првите промени од овој вид беа идентификувани во јуни”, потврди Попова.

Share
Scroll to Top