Трет ден по ред во Русија е регистриран рекорден број на смртни случаи од коронавирус – 819.
Вкупниот број смртни случаи од почетокот на пандемијата е 169.683, пренесува РИА Новости повикувајќи се на податоци од Кризниот штаб за борба против пандемијата.
Во Русија, потврдени се 22.144 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, а вкупниот број регистрирани случаи на инфекција досега е 6.579.212.