САД објавија дека го издале својот прв пасош со ознака на родот „Х“ на лице кое не се препознава себеси во традиционалниот „машки“ или „женски“ избор, во согласност со ветувањето на претседателот Џо Бајден дека повеќе ќе ги земе предвид правата на сексуалните малцинства.
„Стејт департментот „додаде ознака Х за родот небинарен, за интерсексуалните луѓе“ и за сите оние кои не можат да се идентификуваат според родовите критериуми предложени досега“, рече портпаролот на Бајден, Нед Прајс.
„Новата можност ќе им биде понудена на сите апликанти за издавање пасоши од почетокот на 2022 година“, рече Прајс, истакнувајќи ја посветеноста на американската дипломатија за „промовирање на слободите, достоинството и еднаквоста на сите луѓе“.
Најмалку уште единаесет земји во светот, вклучувајќи ги Канада, Германија и Аргентина, но исто така и Индија и Пакистан, нудат опција за избор на „Х“ или „друго“ во нивните пасоши, според лондонската мрежа на работодавачи за еднаквост и инклузија.