Во Словенија 707 новозаболени, итно се донесуваат нови мерки

пред 4 години

Словенија, која во мај и јуни немаше ниеден заболен од коронавирус, регистрира 707 нови случаи во последните 24 часа.

Според надлежните тестирани се 4.902 лица. Во овој момент хоспитализирани се 210 лица, а 35 лица се во критична состојба.

Две лица починаа од последниот извештај. Поради сегашната состојба, владата воведува нови мерки бидејќи оние што се во сила не ги дадоа очекуваните резултати.

Според 24ur.si, инфекцијата влегла и во домовите за стари лица. Во еден дом инфекцијата е регистрирана кај 37 корисници и 15 вработени, додека во друг се заразени 27 штитениции и 11 вработени.

Словенија во последните две недели забележа 202,75 заболени на 100 000 жители.

Земјата влезе во врвот на вториот бран кон средината на септември и почна да бележи повеќе од 100 случаи на ден. За жал, состојбата се влоши последниве денови, така што тие бележат повеќе од 400 случаи на ден.

„Ќе се воведат нови мерки, бидејќи оние што сега се на сила не вродија со плод“, рече Јелко Кацин, портпарол на Владата на Словенија, надлежен за корона-кризата.

Tој тврди дека со новиот број на заразени лица се исполнети сите услови за воведување на најстроги мерки од претпоследната, таканаречена портокалова фаза, што треба да го ограничи ширењето на вирусот и неговиот експоненцијален раст.

Share
Scroll to Top