Во Словенија 889 заразени, починале 34 лица

пред 3 години

Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 889 нови инфекции со коронавирус од 3.918 тестови, објави словенечката влада.

Ова е помал број на новозаразени во споредба со претходниот ден кога беа потврдени 1.612 нови случаи со 6.340 тестови

„Бројот на тестови беше помал, но може да се види дека мерките функционираат“, напиша владиниот портпарол за Ковид-19 Јелко Кацин на „Твитер“, изразувајќи оптимизам дека епидемијата се смирува бидејќи бројот на нови инфекции се намалил на помалку од 1.000 по втор пат во рок од една недела.

Со заразените од последните 24 часа, бројот на потврдени инфекции во Словенија е зголемен на 45.160 од почетокот на епидемијата, од кои 22.167 се активни, а бројот на инфекции во последните 14 дена на 100.000 жители е 1.058, соопшти Министерството за здравство.

Според новите податоци, сега во болниците има 1.084 пациенти со Ковид-19, што е за 27 повеќе од претходниот ден, а во единиците за интензивна нега има 174 пациенти, пет повеќе отколку во саботата.

Според податоците објавени утрово на веб-страницата на Министерството за здравство, во последните 24 часа починале 34 лица, најмногу досега, така што вкупниот број на починати се искачи на 531.

Share
Scroll to Top