Во Србија две дози вакцина примиле над 1,1 милион граѓани

пред 4 години

Досега во Србија се дадени 2.836.012 дози вакцини против коронавирус, а 1.158.744 граѓани ги примиле двете дози, покажуваат најновите податоци на Владата на Србија.

Граѓаните на Србија се вакцинираат со руската вакцина „спутник В“, кинеската „синофарм“, вакцината развиена од американската компанија „Фајзер“ и германската компанија „Бионтек“, како и со вакцината на британско-шведската компанија „Астра зенека“ и Универзитетот во Оксфорд.

Во Србија, во последните 24 часа се потврдени 3.405 нови случаи на коронавирус, од 15.532 тестирани, а 39 лица починале.

Share
Scroll to Top