Во Србија расте бројот на новозаразени од коронавирус, 16 починати

пред 3 години

Во последните 24 часа на коронавирус биле тестирани 16.743 лица во Србија, од кои позитивни биле 4.157, додека починале 16 лица.

Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 168 пациенти се приклучени на апарати за дишење.

Од овој викенд во сила се нови мерки – угостителските објекти и трговските центри се отворени само до 14 часот, додека храната и услужните активности можат да бидат отворени до 20 часот.

Share
Scroll to Top