Во Србија продолжи да расте бројот на заразени, па така во последните 24 часа, регистрирани се 3.822 нови случаи на Ковид-19, од 14.015 тестирани, што е најголем број новозаболени на дневно ниво досега во оваа земја.
Како резултат на коронавирусот, 17 лица починаа за еден ден, со што вкупниот број на смртни случаи во Србија достигна 989.
Бројот на хоспитализирани исто така расте, така што во моментов во болниците во Србија се згрижени 3.693 пациенти, од кои 163 се на респиратор.
Од почетокот на пандемијата досега, во Србија биле тестирани 1.496.295 лица, од кои вкупно 81.086 лица биле позитивни, покажуваат податоците на српското Министерство за здравство.
Поради сериозната состојба со коронавирусот во Србија, измените на Законот за заштита на населението од заразни болести стапија на сила во петокот, а со тоа ќе се спроведат и поригорозните казни за непочитување на мерките.