Според последните податоци, во последните 24 часа во Србија се регистрирани 6.557 нови случаи на коронавирус, а 56 лица починаle. Досега со вирусот се заразиле вкупно 226.209 лица, а регистрирани се 2.005 смртни случаи.
Во моментов има 8.209 пациенти во болница, од кои 283 се на апарати за дишење.
Во последните 24 часа биле тестирани 15.697 лица, а од март вкупно 1.915.643 лица.
Eпидемиологот и член на кризниот штаб, д-р Предраг Кон, рече дека издржливоста на системот е на граница.