Во урнатините на зградата во Мајами пронајдени уште три тела

пред 3 години

Уште три тела беа пронајдени денеска во урнатините на падната зграда во околината на Мајами, па вкупниот број на жртви се искачи на 27.

Телата биле пронајдени откако потрагата по преживеани продолжи, по уривањето на преостанатиот дел од зградата во Сурсфајд, им соопштил на членовите на семејствата помошникот шеф на пожарникарската бригата на Мајами-Дејд, Рид Јадала, а пренесе АП.

Спасувачките екипи денеска добиле зелено светло за да продолжат со операцијата за потрага по евентуални преживеани во урнатините на 12-катната зграда што делумно се сруши на 24 јуни, а која беше уништена до темел во неделата поради доаѓањето на тропската бура Елза.

Спасувачките екипи веднаш започнаа со расчистување на урнатините за да можат специјалните тимови да стигнат до подземната гаража, што е можно место каде сè уште има преживеани.

По влегувањето во гаражата би било можно подиректно да се испитаат премините и дупките во кои, како што се верува, заробени се 121 лице.

Полицијата во Мајами вчера го пронајде телото на Дејвид Епстајн (58), за кого се знае дека е еден од жителите кои пропаднале во урнатините по уривањето на дел од високата зграда на 24 јуни, а медиумите посочуваат дека освен во првите неколку часа по трагедијата, веќе никој не бил пронајден жив.

Поради доаѓањето на тропската бура Елза, придружена со силни ветрови, уривањето на зградата беше забрзано.

Американскиот претседател Џозеф Бајден прогласи вонредна состојба во Флорида поради доаѓањето на Елза, што создаде услови за доделување на федерална помош за загрозената област.

Share
Scroll to Top