Во Франција поради птичји грип беа убиени 600.000 живина

пред 2 години

Во Франција превентивно се убиени над 600.000 живина поради птичји грип, кој беше откриен на фарма на крајот на ноември, соопштија денеска тамошните власти.

Министерството за земјоделство соопшти дека се откриени 26 епидемии на птичји грип, најмногу на југозападот на Франција, како и неколку случаи на зарази кај диви животни.

Франција, како и многу европски земји, оваа зима повторно беше погодена од птичји грип што го пренесуваат птиците преселници.

Минатата година имало 500 жаришта, поради што превентивно биле убиени околу 3,5 милиони живина, главно патки.

Птичјиот грип првпат беше идентификуван оваа година на 26 ноември на северот на Франција, а оттогаш се прошири и на другите фарми на север и стигна на југозапад, каде што сега се концентрирани повеќето случаи на зарази.

Share
Scroll to Top