Во Харков загинаа пет лица, меѓу кои две деца

пред 3 години

Украинската државна служба за итни случаи (СЕС) објави дека спасувачите во Харков пронашле тела на пет лица, меѓу кои и две деца, кои загинаа кога руски бомби погодија станбена зграда во селото Слобожанске надвор од градот.

Во главниот град Киев, според информациите на СЕС, избувнал пожар во складиште за замрзната храна како последица на гранатирање во текот на ноќта.

Објавени се фотографии од зградата во која избиваат пламени јазици и чад.

Нема информации за жертви.

Share
Scroll to Top