Во Хонгконг запленети дијаманти со вредност од 700.000 евра

пред 3 години

Царината во Хонгконг заплени повеќе од 160 дијаманти во вредност од околу 700.000 евра.

Дијамантите се запленети од камион на новиот граничен премин со Шенџен, а ова е најголемата ваква заплена во последните три години.

Возачот на камионот се обидел да прошверцува 162 дијаманти во пластична кеса што ја скрил во џебот од панталоните за да ги избегне строгите ограничувања на увозот и даноците во континентална Кина, што се во износ меѓу 10 и 20 проценти од вредноста на скапоцените камења, пренесуваат тамошните медиуми.

33-годишниот возач е уапсен и му се заканува казна затвор од седум години и парична казна од околу 216.000 евра.

Дијамантите биле пронајдени за време на рутинска проверка, откако контролата на возилата на границата беше зајакната поради слични случаи на криумчарење претходно оваа година.

Share
Scroll to Top