Во Хрватска 1.427 нови случаи на вирусот

пред 3 години

Хрватскиот кризен штаб ги објави најновите податоци. Во последните 24 часа се евидентирани 1.427 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2.Со тоа бројот на активни случаи во Хрватска се искачи на 14.079.

Меѓу нив, 1.191 пациент е во болница, од кои 112 се на апарати за дишење. Во Загреб утрово се пријавени помал број на новоинфицирани, во споредба со претходните денови – нешто повеќе од 200.

Share
Scroll to Top