Во Хрватска 3.251 новозаразен со коронавирус, 38 починати

пред 3 години

Во период од 24 часа во Хрватска се регистрирани 3.251 новоинфициран со коронавирус, а 38 лица починаа, пренесува порталот „Индекс“.

Вкупниот број на активни случаи во Хрватска е 16.891. Меѓу нив, 1.878 пациенти се во болница, од кои 205 се на апарати за дишење.

Официјалното обраќање на Кризниот штаб беше одложено неколку часа. Кризниот штаб се јавува секој ден околу 10 часот, но не и денес, поради што на никого не му е јасно што се случило.

До денес, во Хрватска се евидентирани вкупно 90.715 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 1.151 починале.

Share
Scroll to Top