Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 561 нов случај на коронавирус, а 29 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Бројот на активни случаи е 3.117, меѓу кои 1.286 пациенти се во болница, од кои 121 се на апарати за дишење.
Во самоизолација има 15.389 лица. До денес се тестирани вкупно 1.180.851 лице, од кои 5.020 во последните 24 часа.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска 231.539 лица се заразиле со новиот коронавирус, од кои 4.972 починале.
Оздравеле 223.450 луѓе, од кои 588 во последните 24 часа.