Црногорската полиција денеска соопшти дека во Беране била приведена 60-годишна жена со иницијали Б.К., од Гусиње, која управувала со возило под дејство на дрога.
„Заедно со барањето за поведување прекршочна постапка, Б.К беше донесена до надлежниот прекршочен суд, каде и беше изречена парична глоба од 480 евра, забрана за управување со моторно возило во траење од четири месеци и три казнени поени“, соопшти полициската управа.
Полицијата во Беране запрела и 24-годишен возач кој возел со 153 километри на час, во место каде максимално дозволената брзина била 70 километри.
Тој бил казнет со парична глоба од 300 евра, соопшти полицијата.