Во Црна Гора 342 нови случаи на коронавирус

пред 4 години

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 342 нови случаи на коронавирус од 1.182 тестирани лица. Починале двајца пациенти.

„Оздравеле 200 лица. Во моментот активни се 9.199 случаи“, објави Институтот за јавно здравје, пренесува Вијести.

Од јуни во Црна Гора од коронавирус починале 675 лица, а 684 од почетокот на епидемијата во март. Досега се евидентирани 48.589 случаи на Ковид-19.

Share
Scroll to Top