Во Њујорк започна централната комеморација за жртвите од терористичките напади во САД

пред 3 години

Централната комеморација на 20 -годишнината од терористичките напади во САД започна во Њујорк со ѕвонење на камбаните и минута молк.

Меѓу присутните се американскиот претседател Џозеф Бајден, поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон, како и многу други официјални лица, пренесува АП.

Планирани се свечени комеморации на две други локации каде што напаѓачите ги соборија киднапираните авиони – во Пентагон и во полето близу Шенксвил, Пенсилванија.

Претседателот Бајден ќе им оддаде почит на жртвите на сите три локации, а поранешниот претседател Џорџ В. Буш ќе зборува на церемонија во Пенсилванија.