Врховниот суд ги отфрли барањата на Трамп

пред 4 години

Врховниот суд на САД денеска формално ги отфрли барањата за брзо разгледување на случаите поврзани со исходот на изборите во пет држави, каде што победи Џо Бајден.Барањата беа поднесени од претседателот Доналд Трамп и неговите сојузници.

Резултатите од изборите во Аризона, Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин се под знак прашалник, пренесува АП.
Судот би можел да постапува по жалбите поврзани со изборите на 3 ноември подоцна оваа зима или на пролет. Неколку судии изразија интерес за случајот во Пенсилванија, каде Врховниот суд на таа држава одлучи да го продолжи рокот за прием на гласачките ливчиња добиени по пошта за три дена.

Share
Scroll to Top