Вучиќ и Зеленски во Белград: Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина

Вучиќ и Зеленски во Белград: Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина

пред 6 часа

Претседателите на Србија и Украина, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, се обратија пред медиумите по средбите во Палатата Србија во Белград, каде што украинскиот претседател престојува во прва официјална посета.

Вучиќ порача дека Србија ја поддржува Повелбата на Обединетите нации и територијалниот интегритет на сите земји членки, вклучително и на Украина.

„Што се однесува до нас, ќе продолжиме да водиме таква принципиелна политика и по тоа прашање не постои никакво ‘но’“, рече Вучиќ, заблагодарувајќи ѝ се на Украина за поддршката на територијалниот интегритет на Србија, пренесе „Еуроњуз“.

Тој нагласи дека Украина ќе има целосна поддршка од Србија на нејзиниот европски пат и дека Белград нема да го попречува нејзиниот напредок кон ЕУ.

Вучиќ рече дека разговарале и за економската соработка, земјоделството, енергетиката, инфраструктурата и хуманитарната помош. Најави нова српска помош за Украина во лекови, како и помош за енергетскиот сектор пред зимата.

Зеленски му се заблагодари на Вучиќ за поддршката за независноста и територијалниот интегритет на Украина и за новиот пакет хуманитарна помош.

Тој рече дека во последните 24 часа во руските напади врз Украина загинале 13 лица, а 77 биле повредени во 12 региони.

„Ние сакаме достоинствен мир и треба да се искористи секоја можност за мир и гарантирање на безбедноста“, порача Зеленски.

Двајцата претседатели разговарале и за инфраструктурни проекти, обновата на Украина, енергетиката, безбедноста на храната и европската интеграција.

Фото: Социјални мрежи / Александар Вучиќ

Текстот Вучиќ и Зеленски во Белград: Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top