Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет.
„Денеска, не ѝ е лесно на Украина, а ние немаме ништо против Украина, тие не го признаа Косово. Реков дека Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет. За нас, важно е да имаме добри односи со Украина“, рече претседателот.
Тој потсети дека евентуалната поинаква одлука на Украина во однос на Косово ќе има многу сериозно влијание врз најмалку две европски земји.
„Верувам дека ќе продолжиме да градиме пријателски односи со Украина и почитувајќи ја одлуката на Советот за национална безбедност пред две години, ќе опстоиме на политиката на пријателство кон другите актери од истокот на Европа, вклучително и Руската Федерација“, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија, Вучиќ, во Тирана учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и лидерите на 13 европски земји и претставници на ЕУ.
Текстот Вучиќ од Тирана: Украина е една од ретките земји што може да зборува за територијален интегритет е превземен од МАКФАКС.