Вучиќ по смртта на Иринеј: Луѓето како вас никогаш не заминуваат

пред 3 години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја потврди веста за смртта на патријархот Иринеј. Тој на Инстаграм објави црно-бела фотографија од Иринеј по којашто напиша:  „Чест ми беше што ве познавав. Таквите како вас никогаш не заминуваат“.

Според српските медиуми, здравствената состојба на патријархот се влошила вчера. Тој беше тестиран позитивен на коронавирус на 4 ноември, а следниот ден беше хоспитализиран. За него се грижеа српски и руски лекари. Патријархот имаше 90 години.

Share
Scroll to Top