Вучиќ разговараше со Путин, договорена е испорака за гас за три години со непроменети услови

пред 3 години

За време на денешниот разговор меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин, беше договорено да се потпише нов договор за снабдување со гас на 3 години, а формулата за пресметка на цената да остане иста, изјави претседателот Вучиќ во Белград.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Путин и јас имавме многу добар разговор утрово. Разговаравме на повеќе теми. Билатерални односи и договорот за гас. Ги договоривме главните елементи кои се поволни за Република Србија. Она што го договоривме е да потпишеме договор на 3 години, а не на еден месец, што мислам дека исклучително ни одговара, а платформата и формулата ќе останат исти“, истакна Вучиќ.

Тој рече дека цената ќе биде многу поволна, и дека доколку се реализира се’ од разговорите со Путин, во однос на снабдувањето со гас, Србија ќе има безбедна зима и изрази благодарност до руските партнери за поддршката.

„Во зависност од дополнителните разговори со ‘Гаспром’, ќе можеме да ви ја кажеме точната цена. Ако пресметаме сега, тоа е 3 пати помалку, а во зима ќе биде 10 пати помалку од она што ќе го плати Европа“, рече Вучиќ.

Актуелниот договор за испорака на гас истекува на 31 мај.