Вучиќ: Се надевам дека од јануари во Србија ќе има четири вакцини

пред 4 години

српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е регистрирана вакцината на „Синофарм“ против коронавирус и дека се надева дека во јануари ќе има четири вакцини во Србија.

„ Ние мора да ја нападнеме короната. Загубивме многу луѓе, тоа е голема цена што ја плативме”, рече тој.

Како што истакна, благодарение на борбата на лекарите, сепак „успеавме да се бориме подобро од некои други земји“.

„ Дадовме се од себе, и благодарение на работата на државата и лекарите во системот „ковид“, Србија е една од најуспешните земји во оваа борба“, рече Вучиќ.

Share
Scroll to Top