Вучиќ: Србија гради силна одбрана

Вучиќ: Србија гради силна одбрана

пред 2 часа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја посети фабриката за наменска индустрија „Милан Благојевиќ – Наменска“ во Лучани, каде што разговараше со менаџментот и работниците за понатамошниот развој на компанијата, новите инвестициски циклуси и улогата на оваа фабрика во зајакнувањето на одбранбените способности на Србија. За време на посетата, најави дополнителна државна поддршка за развој на наменска индустрија, но исто така рече дека Србија продолжува да гради силна и модерна одбрана, со јасна порака дека нејзина главна цел е зачувување на мирот.

Тој зборуваше и за безбедносните предизвици и модернизацијата на српските вооружени сили. Според него, Србија веќе има сериозен и повеќеслоен систем за воздушна одбрана.

„Многу е тешко да се влезе на небото на Србија. Имаме многу сериозна повеќеслојна одбрана и продолжуваме да ја зајакнуваме – од системот за електронско блокирање до други капацитети. Веќе утре имам важни состаноци во врска со стекнувањето на нешто ново“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија ги штити не само најголемите градови, туку и пошироките територии и граничните региони.

„Ние ги штитиме големите зони, големите градови, но не само Белград и Нови Сад – туку и Ниш, Крагуевац и периферните области. Нашата цел е луѓето да се чувствуваат безбедно“.

Осврнувајќи се на регионалните односи, Вучиќ рече дека Србија нема намера да нападне ниту една соседна земја.

„Не сакаме никого да нападнеме. Србија никогаш никого не нападнала и нема да напаѓа. Нашата политика е да имаме доволно сила и механизми за одвраќање за да го зачуваме мирот“, рече претседателот.

Текстот Вучиќ: Србија гради силна одбрана е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top